Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски од Струмица: Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ – ова беше почеток кој дојде од народот

Не дозволивме тишината да победи, не дозволивме безнадежноста да стане стндард, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не дозволивме тишината да победи, не дозволивме безнадежноста да стане стндард, не дозволивме да продолжи поразот. Наместо тоа избравме да почнеме одново. Од темел. Да градиме. Со работа, не со зборови. Со дела, не со театри, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од партиската трибина во Струмица.

-Да ги поставуваме првите тули на едно ново општество, праведно, чесно, вредно, блиско до народот.Ги зацврстивме носечките столбови што беа напукнати. Довербата, правдата, одговорноста, визијата. Почнавме со тешките темели, невидливи, но неопходни. Темели на кои ќе расте нешто трајно, одржливо, нешто што е вистинско.Ова не беше обичен почеток, ова беше почеток после долг молк. Почеток после деценија изгубени можности. Почеток кој природно изникна и дојде од народот, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека патот не бил лесен, но на тој пат секој ден е нова победа.

Реклама

-Знам дека не е лесно, знам дека и денес животот е тежок за многумина. Последиците од погубното владеење на СДСМ и ДУИ уште се чувствуваат и во семејните буџети и на шалтерите, во болничките чекални и во училиштата.Знам дека инфлацијата што кулминираше во нивно време и под влијание на надворешни кризи и поради нивната неспособност, остави навистина длабоки траги. Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ. Ние не се правиме недопирливи, ние сме дел од овој народ и живееме истите предизвици. Затоа и ја знаеме тежината на задачата која ја преземавме, но уште повеќе ја знаеме одговорноста. Има уште многу што треба да се направи…, рече премиерот.

Целиот говор проследете го во продолжение: