Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Мицкоски од Минхен: САД и Европа ни се стратешки партнери на евроинтегративниот пат, но мора точно да се знае каде лежи одговорноста

Поблаг речник, но јасни и недвосмслени пораки од САД и другите учесници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поблаг речник, но јасни и недвосмслени пораки од САД и другите учесници на Минхенската безбедносна конференција. Вака премиерот Мицкоски ги оценува на политички план, трите дена кои ги помина во Минхен со македонската делегација. Заклучокот, според него е дека САД и Европската унија, како и државите на ЕУ-интегативниот пат се партнери, но мора да се знае каде лежи одговорноста и обврските.

„Тоа е суштината на пораките и од минатата година и од годинава, со таа разлика што минатата година беа подиректни, а годинава беа помеки. Заклучокот е дека Европа и САД се партнери, се пријатели, но мора да се знае кој какви одговорности има во тоа партнерство и тоа пријателство“ – додаде премиерот.

Мицкоски е особено задоволен од тоа што САД ја признава Македонија како најголем партнер во овој дел на Европа. Доказ за тоа било и постигнувањето да се издејствува Заедничка изјава за реципрочна трговија, која треба да прерасне и во Договор. Тој образложи дека Македонија уште првично добила исти услови како ЕУ со 15% тарифни стапки, а со претстојниот договор тие треба да се сведат на нула до 6,5% за 62 до 64 производи, кои се столбот на македонскиот извоз во САД. Меѓу нив, се преговара извозот на автобуси да подлежи на тарифи од нула до најмногу 2,5%. Мицкоски потенцираше дека Македонија во моментов има суфицит во трговската размена со САД.

Реклама

Мицкоски во Минхен оставри средби со политички лидери, меѓу кои, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта и холандскиот премиер Дик Схоф. Според него, на сите разговори му било важно да ја образложи македонската позиција на евроинтегративниот пат, предизвииците со кои земјава се соочувала во минатото и сега и уверувањето дека членството во ЕУ за Македонија не е милост, туку нешто што со работа е веќе заслужено.

„Да укажеме на сите, би рекол, неправилности и неправда што ни е нанесена и како народ и како држава, но истовремено да потенцираме дека суштината е да не се сруши имиџот и кредибилитетот на самата Европска Унија, а имаме чувство и македонските граѓани чувствуваат фрустрација дека некој од самата Европска Унија однатре како да сака тој имиџ и тој кредибилитет да го уништи. Владата ќе ја раскажува македонската приказна која е тажна и полна со предизвици. Но, секогаш да знаете дека Македонија победува“ – вели Мицкоски.

Македонската делегација во Минхен оставри клучни средби и со челниците на веќе присутните компании во Македонија Шварц груп кој го отвара ланецот Лидл и телекомуникациската компанија „4 Ај Ги“. Со двете компании кои работат и во други сфери било разговарано за проширување на инвестициите во Македонија. Инаку, Мицкоски вчера на маргините на конференцијата се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двајцата лидери разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност и за праведен мир. Тема на интерес било и продлабочувањето на економската соработка, размена  и поддршка во процесите за напредок на двете земји.