Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски од Брисел: Никому не оспоруваме ништо, не сакаме ниту нас да ни оспоруваат

Македонскиот јазик е многувековен, никому не оспоруваме, не сакаме ниту нас да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик е многувековен, никому не оспоруваме, не сакаме ниту нас да ни оспоруваат. Порача премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде беше дел од самитот ЕУ- Западен Балкан, како и самитот и на Европската народна партија. Во интервју за македонската радио телевизија, Мицкоски вели дека никој не смее да си игра со емоциите на Македонците.

-Кога имаме емоција, нема рацио и кога имаме емоција имаме лоши чувства. Никому не оспоруваме ништо, така не сакаме ниту нас да ни оспоруваат. Тоа е мојата порака и вчера и денеска. Мојот многувековен идентитет е мој многувековен идентитет, мојот мајчин македонски јазик е мој мајчин македонски јазик, кој што има многувековни корени, изјави Мицкоски.

Во моменти кога билатералниот проблем со Бугарија ни е пречка на европскиот пат, Мицкоски вели дека треба да има разговори меѓу двете држави, но тие да бидат за економски раст на регионот, а не да се чепка во македонските национални интереси.

Реклама

-Билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, кога зборуваме за туризам кога зборуваме за размена на „know how“ вештини, образонието итн итн. И тука тој процес има додена вредност, но доколку билатералните разговори и преговори се однесуваат на идентитетските прашања, тогаш тој процес никако не може да заврши успешно, изјави Мицкоски.

Според него решение мора да има и ќе има, Македонија ќе го изоди патот кон Европската Унија, но со гаранции дека уцени веќе нема да има.

-Ние сега сме во втората фаза, бараме решение, но не решение кое што ќе не доведе да ја прескокнеме првата пречка, туку да го изодиме патот до крај и тоа е пораката на нашите соговорници. И веќе на секој му е јасно дека мора да бараме решение и ќе најдеме решение, а ние како Влада сме подготвени да работиме онолку колку што е потребно да дојдеме до тоа решение, изјави Мицкоски.

Официјален Брисел е свесен за билатералниот проблем на Македонија, но порачуваат дека главна цел на Европската Унија е проширувањето со земјите од Западен Балкан, кое треба да биде по мерит системот, односно според постигнувањата на аспирантите за членство.

Матеја Петровски