Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Мицкоски од Брисел: Македонија повеќе не може да прифаќа ултиматуми

Македонија повеќе не може да прифаќа ултиматуми за влез во Европското семејство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повеќе не може да прифаќа ултиматуми за влез во Европското семејство, порача премиерот Христијан Мицкоски од првата посета на Брисел. За напредок кон Европската Унија променивме знаме, променивме име, доживеавме големи понижувања, кои повеќе не смее да ги има. Овие пораки премиерот ги испрати по работниот ручек со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европската комисија Шарл Мишел. Мицкоски порача дека Македонија ќе биде конструктивна во европскиот пат, но нема да прифаќа уцени кои државава ги има долги години.

-Ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми. За нас принципот тие се таму, вие сте надвор, ако сакате да бидете таму треба тоа да го прифатите, простете но ние такво нешто не можеме да прифатиме. А од друга страна ни велат дека има желба да бидеме како држава членка на Европската Унија. Мојот одговор на таа теза е ако има желба има и начин, ние сме тука да бидеме конструктивни, да останеме фокусирани на исполнување на оваа стратешка цел, остануваме фокусирани да предлагаме решенија и ако навистина има желба, тогаш има и начин, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски патот кон Европската Унија треба да го трасираат постигнувањата на државава, а не билатералните спорови да бидат пречка. За тоа Мицкоски говорел и со европските лидери.

Реклама

-За жал ние речиси две и пол откако го почнавме овој интеграционен процес, откако го потпишавме договорот за асоцијација и стабилизација сме жртви на билатерални проблеми односно на билатерализација на претпристапниот процес. И она што таму го кажав е дека ние сега се бориме да почнеме преговори во кои што ние ќе ги зајакнеме институциите и ќе ги збогатиме капацитетите, не зборуваме за полноправно членство во Европската Унија, изјави Мицкоски.

Покрај македонската делегација во Брисел се и лидерите на другите земји од Западен Балкан. Главна тема на средбите е Планот за раст на регионот. Мицкоски истакна дека Владата подготвила фантастичен документ за реформската агенда, кој веќе бил доставен до Брисел.

Матеја Петровски