Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски очекува историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Поминува четвртата година од претходните локални избори, најголемиот дел од градоначалниците – 42 се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или Коалицијата и нема ниту едно основано сомневање за сторен криминал, корупција или сторена злоупотреба. Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и општините од многу европски земји и голем број од нив се дел од Европската Унија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип.

Прашан колку од актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат втор мандат, Мицкоски рече дека не би зборувал за имиња, но дека во втората половина на мај би излегле со 80-90 проценти од имињата.

Реклама

-Треба да ги погледнеме мерењата на јавното мислење. Многу скоро од денеска, втора половина, крај на мај ќе излеземе со би рекол со 80, 85, можеби 90 проценти од имињата. Се разбира јас пред Извршниот комитет и пред Централниот, се разбира потоа е одлука на Извршниот и Централниот комитет дали ќе ги прифати, нема, ќе има дебата, рече Мицкоски.