Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него

Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата и Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата и Владата континуирано инвестира во него преку инфраструктурни проекти вредни повеќе од стотина милиони евра – истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на отворањето на новата трафостаница „Централна“ во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, дека не се инвестира во образовниот сектор, Мицкоски ги отфрли ваквите тврдења посочувајќи на некои од тековните капитални инвестиции, кои, според него, во времето на претходната власт биле целосно стопирани.

– Па, видете, недалеку од овде се инвестира, да речеме во еден модерен нов студентски дом, кој во времето на претходната влада, беше целосно сопрен, застанат и буквално шајка не беше ставена. Сега сме при крај, не само на тој, туку и на уште еден во Скопје. А уште неколку такви во државата, и студентски и ученички домови, набргу ќе бидат реконструирани. Ќе ве потсетам дека пред неколку дена ставивме камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во тек е анализа на двете незавршени згради на факултетите ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, кои се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. И можам уште да ви набројам многу такви проекти што се мерат со повеќе од стотина милиони евра во периодот во што оваа Влада го направи, за нецели две години, нешто што не беше ни 10 проценти во периодот од седум години на претходната влада – рече Мицкоски.