Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски: Ние ќе ја донесеме Европа овде, нема откажување, ќе се борам се додека функционирам

Додека чекаме да не прими Европа, Европа ќе ја донесеме во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека чекаме да не прими Европа, Европа ќе ја донесеме во Македонија, порача Христијан Мицкоски. Државава со години е блокирана на патот кон ЕУ поради бугарските уцени и условувања. Премиерот вели дека нема откажување, борбата за подобра иднина мора да продолжи.

-Ќе сторам се што е во наша моќ да граѓаните добијат европска иднина. Без разлика дали тоа Европа сака да не прими или ние ќе ја донесеме Европа овде. Ќе сториме се што е во наша моќ, нема откажување, нема никогаш да излезам малодушно пред сопствените граѓани и да кажам блокиран ни е патот, нема иднина. Ќе се борам се додека функционирам, изјави Мицкоски. 

Со цел членство во ЕУ, Македонија го промени името, го менуваше Уставот, знамето, направи големи отстапки. Мицкоски вели веќе не смееме да ги трпиме понижувањата кои сме ги имале со години.

Реклама

-Ние дадовме премногу, како ниту еден народ, како за таа Европска Унија. Сменивме име, сменивме знаме, сменивме банкноти, Устави менувавме, што се не направивме, какви ти се не кнедли, понижувања истрпевме и како народ и како граѓани, за жал се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 25 години. Е сега треба некој таму во Брисел да погледне кон себе дали навистина сака овој регион да го види и оваа млада земја во срцето на Балканот, малубројна земја во срцето на Балканот, со луѓе со големи срца во Брисел, изјави Мицкоски.

Македонската Влада со цел членство во Европската Унија бара уставните измени да бидат со одложено дејство, односно да се имплементираат кога Македонија ќе го ратификува членството, со цел да избегнеме серија други условувања од источниот сосед.

Матеја Петровски