Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Мицкоски: Ние ја ограничивме маржата на прехранбени производи, СДСМ го зголеми ДДВ на 1300 производи и воведе данок на луксуз

Есенската кошница е таргетирана и е резултат на анкета што е правена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Есенската кошница е таргетирана и е резултат на анкета што е правена со граѓаните за тоа кои производи оваа есен најмногу се користат. Владата најави и предновогодишна и пролетна кошница која ќе предвидува замрзнување на цените на одредени производи. Мерките на Владата се со цел да се олесни животот на граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. За обвинувањата од опозицијата вели дека се безидејни бидејќи претходната влада замрзнувала цени на перки од китови и кавијари – производи кои ретко кој ги користи, освен оние збогатените на грбот на граѓаните.

„Па да јас од тоа што го слушам од страна на опозицијата во овој период освен тоа што е безидејна порака и порака што не допира никого, се и овие би рекол гимнастики коишто ги прават на отворена сцена коишто им се враќаат како бумеранг, негативен врз нив тие забораваат дека 1.300 мислам беа производи на коишто им го покачија ДДВ од 5 на 10 проценти а потоа додадоа и данок на луксуз. Зошто воведоа данок на луксуз? За да можат тој луксуз да го користат преку наместени тендери да го крадат истиот буџет и да завршува во нивни приватни џебови“, рече Мицкоски.

Првите индикатори во економијата со промената на Владата се изненадувачки позитивни, во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата…. вели Мицкоски. Тезата која СДСМ сака да ја истурка, дека платите не растеле, според него не поминувала во јавност, бидејќи согласно извештајот на Државниот завод за статистика, од првиот месец на новата влада, платите растеле со забрзано темпо.

Реклама

„Разликата е што тогаш кога се ограбуваше Буџетот на грбот на граѓаните, инфлацијата беше двоцифрена, и некогаш таа инфлација стигаше вредност повеќе до 20 проценти, па платата која што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Денеска платат повторно расте со иста динамика, па и забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во месец август, споредено со август минатата година, и таа е на ниво на 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно до август е помала од 3,5 проценти. Тоа е разликата што платите растат со истата динамика, дури и забрзано, но нивото на инфлација е ниско“, кажа премиерот.

Мицкоски предупреди дека многу институции се оставени во долгови поради недомаќинското работење на претходната власт. Една од инситутциите кои се во катастрофална состојба е Фондот за здравствено осигурување – долгот изнесуваше пет милијарди денари. Две милијарди веќе се обезбедени, а до крајот на 2025 година институцијата целосно ќе се спаси од долговите, вели премиерот. Тој кажа и дека со ребалансот на буџетот, биле обезбедени една милијарда денари, наменети за исплата на К-15 на повеќе од 83.000 вработени во јавната администација, иако, како што рече, тие не биле предвидени претходно. Со ребалансот се обезбедија плати и за вработените во  „Водостопанство“ и „Национални шуми“, кои немаа земено плата со месеци.