Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски не очекува големи отстапувања на цената на струјата

Приходите на АД ЕСМ или поранешна ЕЛЕМ се од неколку основи. Најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приходите на АД ЕСМ или поранешна ЕЛЕМ се од неколку основи. Најголемиот приход доаѓа од електричната енергија која што ја продаваат на снабдувачот, тоа е ЕВН Хоум, дел со многу повисока цена ги покриваат загубите и дел од приходите коишто ги добиваат се од електричната енергија која што ја продаваат преку т.н. повластени тарифи, појасни премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како АД ЕСМ ќе ги покрие загубите и ќе стаса до нула ако струјата му ја продава на универзалниот снабдувач по 65 евра за мегават час што е многу помалку од нивната производна цена. 

-Загубите да речеме ќе ги продава по 105 евра по мегават час. За да немаат граѓаните ценовен шок продолжуваме да субвенционираме. Цената за снабдувачот ќе биде 65 евра. Кога сето тоа ќе се заокружи веќе доаѓаме до некој микс помеѓу 75 и 80 евра. Ако се има предвид дека се намалува увозот на јагленот потребно е да се зголеми производството на домашен јаглен. Се подготвуваат рударски проекти. Од друга страна се акумулираше доволно енергија во хидроелектраните, бидејќи таму производната цена е најмала и е 20 евра по мегават час, рече Мицкоски по означувањето на почетокот на градба на новата градинка во Ѓорче Петров и додаде дека производната цена на ветерниците е 89 евра по мегават час.

Тој очекува овој тренд да продолжи во 2026 и 2027 година и, како што вели, во 2027 година практично да се инјектираат  цената на чинење на електричната енергија за АД ЕСМ и онаа цена по којашто ќе ја продаваат на пазарот. Премиерот Мицкоски е дециден дека како Влада ќе продолжат со политиката на субвенционирање, за да не почувствуваат граѓаните ценовен шок.

Реклама

-Односно да не се случи нешто, коешто не треба да се случи, бидејќи ако оставиме на слободниот пазар како што тоа беше намера на претходната влада, од 1 јануари или дури и претходно требаше граѓаните денеска да плаќаат до 50 проценти поскапа цена за електрична енергија. Тоа не се случии. Веќе година и половина сме Влада и ја субвенционираме таа електрична енергија. Нормално не правиме од тоа кампања, какошто тие правеа во оние сметки коишто ги доставува ЕВН. Тоа се нормални работи за една Влада да ги штити интересите на граѓаните, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека во три регулирани периоди, а  тоа се 1 јули 2024, 1 јануари 2025 и 1 јули 2025  немаше покачување на струјата за домаќинствата.

-Сега ќе видиме. Регулаторот на крајот од ова година ќе донесе одлука за тоа дали ќе има и ако има колку би било иако не очекувам  некои големи отстапувања, од оваа цена. Дали ќе биде  0, 1, 2, 3 проценти или некој процент повеќе или помалку тоа ќе одлучи Регулаторот, изјави Мицкоски.