Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Мицкоски: Не може повисоки плати без резултати во правосудството

Шест закони во судството и обвинителството повторно се актуелизират во јавноста под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест закони во судството и обвинителството повторно се актуелизират во јавноста под етикета неопходни „реформи“ што мора поскоро да се завршат. Премиерот Мицкоски – дециден, вели дека суштината на тие предлози не е подобра правда, туку зголемување на платите во правосудниот систем.

Тој ги потсети граѓаните дека следната година државата мора да врати повеќе од две милијарди евра долгови, што дополнително го притиска буџетот од 6,5 милијарди евра .

„А што се однесува до реформите -реформите се однесуваат на зголемување на платите. Тоа е главната реформа, тоа се реформите. Промената на шестте закони – обвинителска служба, судска служба, совет на јавни обвинители и други -сè се сведува на тоа да се зголемат платите. А следната година треба како држава да вратиме повеќе од две милијарди евра задолжувања направени од оние што душмански ја задолжувале државата и неродените генерации. Во буџет од 6,5 милијарди, со плати, пензии, социјални трошоци… ако јавноста мисли дека треба да ги дуплираме платите, нека каже. Еве јас ќе ја донирам мојата плата – ама нека судат барем согласно закон, рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот потенцира дека довербата во судството е меѓу најниските и дека Владата нема да ги зголемува финансиите за систем кој не покажува резултати, ниту пак може да издвојува повеќе од најразвиените земји во ЕУ.

Покрај буџетските ограничувања, на политичката сцена се актуелизира и друго прашање: дали ќе има конечно смена на јавниот обвинител Љубомир Коцевски.

ВМРО–ДПМНЕ веќе подолго време бара негово разрешување, обвинувајќи го за слаби резултати и пад на довербата во обвинителството.

„Што се однесува до Коцевски – почекајте и ќе видите, вели премиерот.

Во сетот за реформи во правосудството е и кривичниот законик, кој треба да ги врати казните за функционерите призлоупотреба на службена положба од член 353 кои СДСМ и ДУИ го поменија со европско знаменце пред две години. Во сетот измени опфатени се и препораките препораките на оценската мисија за судскиот совет, но судско – обвинителската фела како повеќе да се грижи за прописите со кои би си ги зголемиле платите и привилегиите отколку за длабински реформи кои ќе ја зголемат незавиноста и довербата во системот.