Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицкоски: Не ги прифаќам нападите дека законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа немаме ниту еден универзитет меѓу 2500-те најдобри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека не ги прифаќа нападите дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа, како што рече, нема ниту еден универзитет во државата рангиран меѓу првите 2500 најдобри на Шангајската листа.

Мицкоски рече дека се разочарал од ставот на универзитетски професор кој во ТВ-гостување на една од националните телевизии го напаѓал предложениот закон за високо образование. 

-Искрен да бидам се разочарав, да не речам се шокирав. Во еден момент замислете тезата дека се премногу строги критериумите во новиот закон за високо образование за избор во звање. Зошто биле строги? Затоа што законот предвидува моите колеги да пишуваат научни трудови во списанија коишто се реномирани и дел од Web of Science (Thomson Reuters) базата и тоа замислете за да бидете избран за редовен професор. Четири такви во рок од пет години и притоа тоа вам државата да ви го надомести. И тоа било висок критериум, рече Мицкоски.

Реклама

Резултат на сегашната состојба, рече тој, е тоа што немаме ниту еден универзитет  меѓу 2500-те најдобри на Шангајската листа или на друго релевантно рангирање, дури ни најреномираниот кај нас – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а некогаш, како што рече, сме биле рамо до рамо со добрите универзитети.

-Порано можев да се согласам и да речам добро, не се мотивирани, демотивирани се, ниски се примањата, приближно 55.000 денари, но денеска редовните професори имаат 110.000 или 120.000 денари плата, значи некои 2.000 евра. И најчесто просекот на часови што ги држат е помеѓу 4 и 8 часа неделно, а останатите денови се оставени за консултации со студентите. Мене не би ме држело место да седам, да ги набљудувам состојбите, да гледам како тонам, а да не барам чаре од сето тоа. И сега тоа ви е, вели, погрешно. Па може да погреши тој што работи, не тој што ништо не работи, што си седи и што само тоне. Да, можам да погрешам, но ајде да слушнам легитимен аргумент, немој само да ми кажеш дека критериумите се високи. Затоа што тоа е како да кажете водата е мокра или во август најверојатно ќе биде топло. Приближно таква е тезата. Но, тоа не е теза и сè додека ние не поработиме со ваков профил на луѓе, се плашам дека ние како образование нема да генерираме доволно квалитетен кадар, којшто веднаш ќе може да се соочи со предизвиците и притисоците, туку ќе мора да се доквалификува, преквалификува итн, рече Мицкоски.