Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во однос на најновите статистички податоци за инпутот и аутпутот во земјоделството.

-Во рамките на земјоделството, се случува една појава, параметар што е многу значаен за економијата и за граѓаните но и за земјоделците, бидејќи трошоците при инпутот, односно оние трошоци кои им се потребни на земјоделците за да произведат се зголемуваат за отприлика десет пати помалку отколку цената по која што тие ги продаваат производите, рече Мицкоски по посетата на Кочани.

Појасни дека инпутот, односно оние трошоци коишто ги имаат земјоделците за да произведат одреден земјоделски производ се зголемени за отприлика три проценти, а цената на производот којашто тие ја продаваат е зголемена за повеќе од 30 проценти.

Реклама

-Затоа велиме инпутот е нешто над три проценти зголемен, а додека пак аутпутот – цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемен за 30 проценти или десет пати повеќе отколку инпутот, и тоа е добро и значи повеќе пари кај земјоделците тоа значи поголем развој во земјоделството, повеќе храна, помалку увоз, така што тоа беше еден од нашите врвни приоритети во таа насока ќе продолжиме како Влада да се движиме, истакна премиерот.

Според последните статистички податоци цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 отсто кај инпутот и за 31.8 проценти кај аутпутот. Според податоците на Државниот завод за статистика, цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.