Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Мицкоски најави инвестициски бум во Македонија

Инвестиции во енергетиката без државата да менува закони и да прифаќа обврски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции во енергетиката без државата да менува закони и да прифаќа обврски кои ќе ја загрозат енергетската независност. Христијан Мицкоски во телевизиско интервју најави  инвестициски бум уште во првите 100 дена од новата Влада. Веќе била договорена инвестиција во вредност од 400- 500 милиони евра, а новиот енергетски капацитет треба ќе произведува околу еден терават часови електрична енергија годишно

Денеска веќе кога се е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една озбилна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без повластици, која би се движела од меѓу 400 и 500 милиони евра и која што ќе произведува некаде од прилика околу 1 терават часови електрична енергија годишно, која што ќе се случи во Македонија. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена, рече Мицкоски во интервју на Канал 5 Телевизија.

Планот на Мицкоски е да се формира ново министерство за енергетика за да се подобри ситуацијата пред се со капацитетите и да се зголеми домашното производство. Минатата Влада имаше обиди за инвестиции, но со обврски кои според експертската јавност беа повеќе на штета отколку во корист на Македонија.

Реклама

До крајот на мандатот Владата на Димитар Ковачевски туркаше таканаречени стратешки инвестициски проекти, меѓу кои и онаа на Митилинеос, кои предвидуваа голема државна помош и сериозни обврски за Македонија. На крајот пропаднаа, не поради силните критики на експертите и јавноста, туку поради расколот во коалицијата СДСМ – ДУИ.

Мицкоски вели дека веќе преговарал и за уште две странски инвестици, но условот од таму бил да си замине од раководна позиција актуелниот директор на ТИРЗ , Јован Деспотовски, оти како што вели , инвеститорите имало лошо искуство со него.

Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж, рече тој.

 Покрај инвестициите, Мицксоки најави финансиски пакет, кредит од друга држава на принципот Влада со Влада во висина од 1 милијарда евра под исклучително поволни услови со атрактивна каматна стапка. Планот е да се задржи атрактивната даночна политика со рамни даноци, а ребаланс на Буџетот не очекува во втора половина на јули.