Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Мицкоски: Над 30% реализација на капиталните инвестиции

Над 30% реализација на капиталните инвестиции за неполни 3 месеци од годинава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 30% реализација на капиталните инвестиции за неполни 3 месеци од годинава. Премиерот задоволен од динамиката со која се градат патишта, училишта, болници, капитални објекти. Најдобра реализација од 50% или половина од планираното за цела година до крајот на март има Министерството за транспорт – вели Мицкоски. Тој смета дека и изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното и ќе заврши во предвидениот рок до јуни следната година. Досега во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот, вклучувајќи ги потезите од Врбјани до Ботун и од Климештани до Охрид. Дополнителни речиси 200 милиони евра, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги обезбеди со заем од домашните банки.

„Од некакви причини финсирањето од кинеската банка е прекинато и ние бевме известени за тоа, но се снајдовме. Се обезбеди доволна сума за да го завршиме овој проект. Како што ветивме, така да го пуштиме во употреба. Истото се случува и со останатите автопати. Од за мене неразбирливи причини на почеток, автопатите кои се дел од коридорите биле префрлени во Министерството за транспорт наместо во ЈПДП. Со измени на законот се вратија каде што припаѓаат. Има динамика на реализација од компанијата изведувач. Таму освен авансот што беше исплатен, ништо друго не беше направено, но благодарение на експресната акција на Министерството за транспорт, потпретседателот на Владата и директорот на ЈПДП, завршени се 90 проценти од работите што зависат од државата. Сега останува добра организација од страна на изведувачите и таа работа да се заврши. Можеби ќе треба рокот малку да се пролонгира, но важно е дека и таа целина ќе се заокружи“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Интензивно се градат и автопатските делници долж Коридорите 8 и 10д. За 4-та делница од Требеништа до Ќафасан што треба да ја гради конзорциумот Бехтел и Енка, премиерот вели дека најверојатно  нема да биде дел од плановите, бидејќи влегува во заштитениот дел од Охридското Езеро под УНЕСКО, но ветува дека ќе има солидно поврзување до албанската граница.

Реклама

„Автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, најверојатно нема да остане во план зашто не зависи од нас, туку од УНЕСКО. Но, се бара начин како да се заокружи и таа целина зашто влегува во периметарот на УНЕСКО. Ќе најдеме начин како повторно да имаме безбеден сообраќај меѓу тие две отсечки. Во овој момент уште се преговара, разговара и не е донесена конечна одлука. Најверојатно тука ќе треба да имаме некакви измени“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Забрзната изградба на инфраструктурата, како и капиталните објекти кои ги реализираат општините, меѓу другото,  придонесоа за пораст на градежништвото. Во последните три месеци лани, овој сектор се зголеми за речиси 15% и беше главен мотор на развојот на економијата. Минатата година заврши со економски раст од 3 и пол проценти.