Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Мицкоски: Националната стратегија СМАРТ/МК 2030 е визија и јасен план да изградиме модерна, дигитална и демократски правична држава

Дигиталната трансформација не е само воведување на нови технологии, таа е системски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација не е само воведување на нови технологии, таа е системски процес кој подразбира длабока промена во начинот на кој функционира државата – во културата на институциите и во односот кон граѓаните и бизнисот. Таа значи поедноставни и побрзи услуги, помалку бирократија, повеќе отчетност и поголемо учество на граѓаните во креирањето на јавни политики, порача премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на конференцијата за промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој.

Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, нагласи Мицкоски, е визија, но и јасен план, таа е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и патоказ за тоа каква држава сакаме да бидеме во следната деценија. 

-Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да изградиме модерна, паметна и дигитална држава. Држава што работи за граѓаните, држава што е транспарентна, ефикасна и правична… Денес ја поставуваме основата. Нашата цел е јасна: паметна, дигитална и демократски правична Македонија до 2030 година. Македонија што гледа напред, што инвестира во знаење, технологија и луѓе. Македонија што гради иднина, а не ја чека, порача Мицкоски.

Реклама

Како Влада, подвлече Мицкоски, дигитализацијата ја поставивме како еден од нашите клучни стратешки приоритети, затоа што дигитална држава е предуслов за владеење на правото и ефикасна борба против корупцијата. 

-Кога процесите се дигитални, трагата е видлива, а одговорноста е јасна. Кога системите се поврзани, нема простор за злоупотреби, селективност или привилегии, изјави Мицкоски.

Стратегијата СМАРТ/МК 2030, нагласи Мицкоски, го обликува патот на дигиталната трансформација на државата во согласност со нашите специфики, вредности и долгорочни државни интереси. Таа претставува детален и реален патоказ за надминување на развојните предизвици во областа на информатичко-комуникациските технологии и обезбедување забрзан дигитален развој во сите сектори – од јавната администрација, преку образованието и здравството, до економијата и локалниот развој.

-Овој документ се темели на принципите и насоките утврдени во патоказот за дигитална трансформација, а воедно е целосно усогласен со Националната развојна стратегија 24-44, каде што развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се препознаени како централни двигатели на напредокот. Нема силна економија без дигитални вештини, нема современо општество без дигитално писмени граѓани и нема конкурентна држава без иновативен ИКТ сектор, изјави Мицкоски.

Посебна вредност на стратегијата, посочи Мицкоски, е тоа што таа прецизно ги адресира краткорочните и среднорочните приоритети утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Донесувањето на нова стратегија, како и усогласувањето со европското законодавство во областа на електронските комуникации, дигитализацијата на институционалните регистри, воведувањето работа во облак, како и унапредувањето на правната рамка за електронска идентификација и доверливи услуги, според Мицкоски, се јасен сигнал дека сме подготвени за европските дигитални стандарди. 

-Но, стратегиите сами по себе не се доволни. Нашата обврска е оваа визија да ја претвориме во конкретни политики, мерливи резултати и реални промени во секојдневниот живот на граѓаните. Да изградиме држава во која услугите се достапни со еден клик, институциите комуницираат меѓусебно, а граѓанинот е во центарот на системот. СМАРТ/МК 2030 не е документ за една институција или една влада – таа е заедничка задача на институциите, приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество. Само со партнерство, знаење и доверба можеме да изградиме дигитална држава што ќе биде двигател на економскиот раст и гаранција за подобар квалитет на живот, порача Мицкоски.

Мицкоски, изрази благодарност до министерот за дигитална трансформација и неговиот тим, Стефан Андоновски, за неговиот посветен ангажман и визија во процесот на подготовка и обликување на националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030.