Борба против криминалот и корупцијата, враќање на довербата во институциите, зајакнување на економијата, енергетска независност – одборот на националната развојна стратегија го одржа првиот состанок. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека стратегијата 2024 – 2044 е највосок обединувачки документ кој ќе го трасира патот на Македонија кон сериозни промени и реформи, што ќе доведат до подобар живот и повисок стандард.
Ова не е само документ, не е само визија на една влада – тоа треба да биде стратегија на сите, затоа што сите сме заедно во ова. Имаме капацитет, имаме и потенцијал и, што е најважно, имаме луѓе коишто се подготвени да работат, да градат и да создаваат. Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година претставува највисок обединувачки, развоен и визионерски документ за следните 20 години. Основната цел е да биде сеопфатен стратешки документ, кој ќе овозможи фундаментална трансформација, односно спроведување на суштински национални промени и трасирање на развојната траекторија на земјата. Инклузивниот пристап ја одбележа подготовката на овој документ со вклученост на граѓаните, на институциите и на сите засегнати страни, рече Мицкоски.
Стратегијата опфаќа и коренити реформи во образованието – од предучилишна возраст, до високо образование. Се отвора фронт и на поле дигитализација, со цел граѓаните полесно да ги добијат услугите од институциите но исто така и институциите да бидат позаштитени од евентуални сабјер напади.

Ако сакаме да имаме иднина, тоа е ногу важно, мора да инвестираме во знаење. Се подготвува новиот закон за високо образование, закон во којшто, како Влада ќе обезбедиме бесплатен пристап на државните универзитети на две многу значајни научни бази на списанија, научни списанија. Оттука ценам дека со пристапот на овие бази на научни списанија, нашите научници ќе можат правилно да ги индексираат своите научни трудови. И барем еден од универзитетите ќе биде меѓу првите 1.000 и зошто да не биде меѓу првите 500 најдобри универзитети во светот. Ова за прв пат ќе се случува сега, досега тоа не било случај. Исто така, целта ни е секој научен труд којшто ќе биде прифатен од страна на научните списанија кои што се дел од овие две најдобри светски бази на научни списанија, секој труд којшто ќе биде прифатен целосно да биде спонзориран од страна на Владата, целосно да биде платен од страна на Владата. Целта ни е од сегашните 300 труда на национално ниво годишно, прават година да дојдеме до 600, а потоа да прогресираме и повеќе од 1.000, со што цениме дека високото образование и нашите универзитети ќе влезат во оптиката на идните студени, па наместо ние да испраќаме студенти надвор, ние да привлекуваме студенти тука кај нас. Исто така, имаме инвестиции во училиштата, нешто што е многу важно, спортски сали, тамо каде што недостасуваат. Предучилишниот развој е исто така дел од фокусот на оваа Влада на децата, со тоа што реалоцираме и веќе на вчерашната седница на Влада донесовме Одлука за пренос на 250 милиони евра или околу 15 милијарди денари од централниот буџет кон општините, со фокус на изградба на градинки, училишта, спортски сали итн, додаде премиерот.
Делот од стратегијата кој се однесува на образование, предвидува и големи инвестиции во градинки, училишта, спортски сали – Мицкоски вели, за овие капитални инвестиции, клучна улога ќе играат парите кои владата ги одвојува за општините, нови 15 милијарди денари од вториот јавен повик кој власта го промовираше вчера.
За овој национален документ Мицкоски рече дека имало политички консензус а во изработка на стратегијата учествувале голем број пратеници, претставници од министерствата, граѓанските организации, бизнис секторот.
