Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Мицкоски на средби во Вашигтон: Се сретна со поранешниот шеф на американското разузнавање и Македонците во САД

Економски и енергетски напредок, владеење на правото и продлабочување на соработката меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економски и енергетски напредок, владеење на правото и продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД. Тоа се темите на кои владината делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, разговарала на средбата со Ричард Гренел, поранешен прв човек на американското разузнавање и добар познавач на состојбите во регионов.

-Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Посетата на Вашингтон Мицкоски, Мисајловски, Муцунски и Тошковски, ја искористија и за средба со Македонците кои живеат во САД.

Реклама

-Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, напиша Мицкоски на Фејсбук.

За време на НАТО самитот, премиерот ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа, организирана за лидерите заедно со сопружниците, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и министерот за одбрана Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.

Посетата на  Мицкоски, од Владата велат има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.

Македонската делегација на Самитот на НАТО за одбележување на 75 годишнината од формирањето на Алијансата, во Вашингтон ја предводи Мицкоски заедно со министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Ова е прво патување на Мицкоски надвор од Македонија, откако застана на чело на  Владата. Не е исклучено на Самитот да се случи и средба со грчкиот премиер Мицотакис, прва по рекациите околку користењето на уставното име. Засега нема официјална потврда дали ќе се сретнат, но доколку дојде до тоа Мицкоски рече  дека очекува достоинствено однесување во Вашингтон, за разлика од  Мицотакис кој најави дека македонскиот премие ќе се најде во многу непријатна позиција на Самитот.  Во меѓувреме , Пентагон испрати порака до Македонија и Грција, да го остават спорот околу името и Преспанскиот договор надвор од Алијансата.

Матеја Петровски