Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет: Нашата визија е јасна – силни партнерства, јасни вредности и сигурна иднина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, една од највлијателните организации која децении наназад работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи, на која, како што објави Мицкоски, разговарале за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, унапредување на меѓурелигискиот дијалог и градење општество засновано на почит, толеранција и слобода.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

– Нашата визија е јасна силни партнерства, јасни вредности и сигурна иднина за нашите граѓани, објави Мицкоски. 

Реклама

Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.