Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Мицкоски на основањето на Советот на иновации: Знаењето да се претвори во нови работни места

Со поголемо знаење, преку иновации, до отворање нови и подобро платени работни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поголемо знаење, преку иновации, до отворање нови и подобро платени работни места. Владата формираше Совет за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. На првата Конститутивна седница, премиерот потенцираше дека овој совет не е само формалност, туку механизам за трансформација на Македонија во земја на знаење, наука, иновации кои ќе придонесат за модерна и конкурентна економија. Надлежните се децидни – новите производи и услуги засновани на иновации ќе отворат нови работни места кои ќе донесат поголема продуктивност, повисоки плати, а со тоа и подобар животен стандард за граѓаните.

„Нашата цел е јасна – да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните. Самата структура и состав на Советот, кој ги обединува клучните министерства и ресори, академската заедница и експертите од различни области, гарантира интегриран и стратешки пристап во носењето одлуки. Ова тело ќе обезбеди координација помеѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На првата седница на Советот за иновации беше донесен клучниот документ кој треба да ја трасира македонската економија. Се работи за четиригодишна програма за поттикнување на иновациите. Таа содржи конкретни мерки  кои треба да бидат ефективни, транспарентни , со јасни цели и резултати кои ќе бидат предмет на мерење и контрола. На овој начин, младите иноватори ќе бидат поддржани од првата идеја, преку процесот на истражување, пилот проектот, до целосна комерцијализација на замисленото.

Реклама

Програмата за иновации, развој и претприемништво главно ќе ја спроведува Агенцијата за иновации ИНОВА. Сепак, во кординацијата ќе бидат вклучени Владата, надлежните три  министерства за образование, економија и дигитална трансформација, факултетите, истражувачките институти, како и бизнис секторот.