Македонија останува цвство на европската патека, но и оптиката на Европа е насочена кон државава. Тоа го покажува присуството на премиерот Христијан Мицкоски на 50 годишнината од формирањето на најмоќното и најголемо европско политичко семејство, Европската народна партија, каде во Брисел на заедничка маса седна со лидерите на европската десница.
Според познавачите, иако во одредени случаи имаме несогласувања со челниците во Брисел, сепак напредокот во евроинтеграциите е многу важен. Политичкиот аналитичар Раби Седрак за Алфа вели дека иако Унијата често знаела да биде нефер кон Македонија, сепак останува единствено и најдобро решение за државава.
-Приближувањето наше до Европа, присуството наше со нив во Европа, ова е доказател и покажува дека ние стоиме на иста страна. Покажува дека иако имаме ние стратешко партнерство со САД, имаме исто со Англија, но на крај нашиот приоритет е националните интереси на Македонија, националните интереси на граѓаните, што се вклопува во Европската Унија и на патот кон европската интеграција, изјави Седрак.

Засилувањето на партнерството со другите европски држави е особено важно во период на актуелните геополитички случувања, односно воените конфликти во Иран и Украина. Според Седрак, заедничкото и партнерско делување со другите еворпски лидери, ќе доведе до многу полесно справување со евентуални кризи кои би следувале.
-Цела Европа не беше спремна, ниту целата НАТО Алијанса не беше спремна. И фактот дека сите сме на истиот брод, ова е мотив и ова повеќе ни дава мотив и ни дава надеж, да бидеме сите на иста страна за да можеме да се бориме и да се конфронтираме со овие предизвици кои што веќе ги имаме. Прво ќе почнеме со некоја енергетска криза ако ова трае повеќе, ние ќе можеме да имаме голем проблем со енергија, изјави Седрак.
Мицкоски порача дека ваквите форуми се од голема важност за Македонија, за размена на ставови и и зајакнување на партнерстава. Според него на самитот се покажала силна енергија, визија и заедништво кои ја потврдуваат улогата на Европската народна партија, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ, како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста.
Матеја Петровски
