Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Mицкоски на европскиот самит во Салцбург: Иднината на Mакедонија е во EУ

За преминување од европската чекалница до реализирање на европската иднина потребна е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За преминување од европската чекалница до реализирање на европската иднина потребна е волја, ама и дела. Премиерот Христијан Мицкоски им порача на европските челници дека е крајно време да покажат дека се залагаат регионот да стане дел од Блокот. Македонија направи многу отстапки на патот кон ЕУ и ја докажа посветеноста, сега топката е кај Унијата.

Од Европскиот самит во Салцбург, посветен на иднината и реформите на ЕУ беа испратени пораки и за тоа колку е важна економската преобразба и меѓусебното поврзување.

Посочив дека иднината на Македонија е во Европската Унија и на тој пат државата направи бројни отстапки и чекори кои ја докажуваат нашата посветеност кон европската иднина. Она што недостасува е волја проследена со дела регионот вистински да премине од европската чекалница кон реализација на европската иднина. Иднината на регионот е во економска и политичка преобразба и меѓусебно поврзување. Се бориме македонските компании да излезат надвор од границите, да го помогнеме извозот и да привлечеме странски капитал. Досега во овој кус период покажуваме резултати, а заедно ќе направиме многу повеќе, напиша премиерот Мицкоски.

Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна и со градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на Институтот на европски региони, Франц Шаусбергер. Порачал дека Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред. Утре тој ќе има средба со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

Дипломатската офанзива на владата доаѓа во време кога евроинтеграциите се закочени поради уставните измени – услов кој го прифати претходната власт, без консензус од сите политички фактори во земјава и против волјата на најголем процент од граѓаните. Со промената на власта, се промени и реториката – Мицкоски постојано уверува дека нема да прифаќаат уцени и ултиматуми, а една од опциите за излез од оваа ситуација се уставни измени со одложено дејство што ќе биде гаранција дека нема да има нови барања од Софија.