Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски на бизнис-средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево ќе присуствува на бизнис-средба помеѓу швајцарските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево ќе присуствува на бизнис-средба помеѓу швајцарските и македонските стопанственици во винарницата „Камник“ заедно со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој е во официјална посета на земјата. 

Како што најавија од владината прес-служба, Мицкоски и Пармелан пред почетокот на средбата ќе дадат кратка изјава за медиумите.

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, претпладнево пристигна во Скопје, а на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Реклама

– Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со сопругата престојува во официјална посета на земјата на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова – напиша министерот Муцунски на „Фејсбук“.

Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Пармелан, со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката.

По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следува тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

По пленарниот состанок, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Парламелан ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. 

Во рамките на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.