Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Мицкоски најавува инвестициски бум од над милијарда евра

Инвестициски бум тежок над една милијарда евра. Премиерот Хриситјан Мицкоски најави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициски бум тежок над една милијарда евра. Премиерот Хриситјан Мицкоски најави дека до крајот на годинава ќе бидеме сведоци на повеќе инвестиции кои ќе се реализираат во индустриските зони, но и надвор од нив. Само во технолошко развојните индустриски зони се очекуваат инвестиции од 650 милиони евра и отворање голем број нови работни места.

„Во завршна фаза на реализација, во почетна фаза на реалзација или во фаза на потпишување договори за државна помош и слично се отприлика 17 проекти. Во вкупна вредност од над 650 милиони евра кои што треба да обезбедат отприлика помеѓуи 4500 и 5000 нови, директни работни места. Има и проекти кои пто ги работиме, кои што се надвор од ТИР, како што е да речеме инвестицијата на Алкараз во источна Македонија, која што е во фаза на одобрение за градба. Очекувам да некаде на пролет и на терен да започне реализирањето на оваа инвестиција која што е во вредност од половина милијарда долари“, рече Премиерот Христијан Мицкоски.

Според Народната Бнака, во 2025 година странските инвестиции биле околу 300 милиони евра, но во 2026 година оваа сума ќе се зголеми за три пати. Од Владата неколку пати повторија дека работат посветено на изнаоѓање нови инвеститори, а тоа се потврди и со инвестицијата на новиот мобилен оператор 4ИГ кој ќе инвестира околу 100 милиони евра во Македонија. Од последниот економски самит во Давос, Владата најави дополнителни инвестиции, пред се во енергетскиот сектор, со што Македонија ќе стане еден од главните производители на енергија од обновливи извори.