Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите пет во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

– Добрата вест за македонската економија и за граѓаните е што растеме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Добрата вест за македонската економија и за граѓаните е што растеме, 2025 година ја завршивме во првите пет во Европа, и тоа се факти, веднаш по Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Евростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест-седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери и сме во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто-домашниот производ – истакна премиерот Христијан Мицкоски вчера во интервју за една телевизија, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10 д и за другите инвестиции, како и за економските параметри. 

Тој посочи дека во првите два месеца од годината има двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, и, како што рече, тоа значи дека економијата добро оди.

– Заедно со ова можам да кажам дека во првите два месеца од годината имаме двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, што значи економијата добро оди, се плаќа данок на додадена вредност, нема веќе толку сива економија и при увоз во земјата и во внатрешниот промет, добивката е поголема, данокот на добивка, од минатата година, што значи дека компаниите работат и профитираат, зголемени се придонесите, што значи качени се примањата на вработените од 12 до 13 проценти, така што апсолутно почетокот на годината ветува одлична економска година – посочи Мицкоски додавајќи дека сето тоа зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергентите и светската економија.