Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Мицкоски: Македонскиот народ е единствен во Европа кој и натаму е во ходникот и покрај сите отстапки

Македонија неправедно се држи пред портите на Европската унија со услови кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија неправедно се држи пред портите на Европската унија со услови кои се неосновани. Мерѓународниот генерален секретар на Паневропската унија денесјка од Скопје предупреди дека меѓународната заедница е сведок на патешествието на Македонија која е блокирана и покрај постигнатите резултати. Блокадата и уцените од Бугарија според него не смеат да бидат причина за кочница на европскиот пат

  • „Македонија низ овие 20 години оствари многу и мислиме дека пред се, се работи за политичка волја, дали проширувањето ќе се случи. Сметаме дека се исполнети сите услови. Како што се изрази волја за некои други земји, како Украина, Молдавија. Сметаме дека Македонија има многу повеќе можности и е подготвена за членство во ЕУ. Тие препреки во добар дел беа неосновани и можеше да се решаваат и во рамки на преговори, што може да се водат и во членство во ЕУ.“ – Порача меѓународен генерален секретар на Паневропската унија, Паво Баришиќ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој се обрати на конференцијата предупреди дека Македонскиот народ е единствениот во Европа кој е во ходникот и покрај сите отстапки што ги направи во изминативе години. Човековите права според Мицкоски не се реална причина поради која се бара измена на македонскиот Устав, бидејќи за разлика од Бугарија, која има изгубено десетици спорови пред меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, кај нас не е таков случајот.

  • „На тој пат кон ЕУ, имавме предизвици кои ниту еден народ ги немаше, ниту еден народ кој што претходно беше дел од поранешниот варшавски блок, ги немаше, како што го имаше македонскиот народ, да биде уценуван, да биде шиканиран, да биде ставано вета кои што немаат никаква врска со копенхагеншките критериуми, туку исклучиво поради себични причини, атак и удар врз идентитетот, култура и традиција, обичаи…“ – Изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Претседателот на Паневропската унија на Македонија, дипломатот Андреј Лепавцов, вели дека Македонија во моментов е во исчекување за тоа, во каква унија сака да се интегрира.Тоа е така бидејќи Европската Унија е во процес на реформа, па може да наидеме на организација, каде и покрај сите концесии и отстапки кон соседите, нашето евентуално членство да не значи полноправна членка, на исто стојалиште со западно европските земји.

Реклама
  • „Јас сметам дека е преамбициозно да се даваат било какви временски рамки во овој момент, бидејќи ние сега сме во едно исчекување, во каква унија треба да се асоцираме. Да видиме таму каде ќе биде нашето место. Дали ќе бидеме исти, рамноправни на масата или ќе биде некоја нова асоцијација, која ќе не стави можеби во некоја друга позиција.“ – Истакна претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов.

На панел дискусиите се зборуваше и за тоа, дека не станува збор само за решавање на меѓусоседските спорови. За пристап во унијата е клучно и владеењето на правото. Во тој контекст, директорот на германскиот инстиут Конрад Аденауер Стуфтунг, порача оти одблиску ја следат рабоатата на опозициските кадри кои победија на локалните избори и оти во изминативе две години, не забележале ниту еден коруптивен скандал. Пример за јавен менаџмент кој треба да продолжи во Македонија.

Никола Цветкоски