Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Мицкоски: Македонскиот јазик е жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор

Македонскиот јазик е жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик е жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Јазикот е наш долг и наше право. Со оваа мисла на Крсте Петков Мисирков, премиерот Христијан Мицкоски испрати честитка по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Во неа порачува дека е потребно да му оддадеме почит затоа што не обликува, не учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме.

-Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!, порача Мицкоски

Во чест на овој ден Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованиете на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, доделија признанија и награди за творби напишани од ученици на сите мајчини јазици, независно дали тој е застапен во редовната настава во училиштата. Министерот Иван Стоиљковиќ порача дека е горд на овој настан, но и жали што претходно овој ден не се одбележувал во едно вакво мултикултурно општество.

Реклама

-Да се влезе во процес на одбележување на мачниниот јазик , проста причина што не јазикот не само за средство за разбирање, најсовршено средство за разбирање меѓу луѓето, туку и едно како средствата за културна, духовна и секаква комуникација на луѓето кои живеат низ целиот свет. Јас тргнувам пред се и токму го реков од една народна изрека, дека секој јазик е ваш кој не зборува против вашите интереси, изјави Стоиљковиќ.

Според лингвистите во време кога се соочуваме со инвазија на странски зборови, негувањето на мајчиниот јазик треба да биде приоритет, како основен идентитески столб преку кој сме препознатливи надвор од границите на Македонија. Велат дијалектите се богатство на еден јазик, но литературниот македонски мора да се говори многу повеќе, посебно во образовните установи.

Матеја Петровски