Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски: Македонија и Косово да ја искористат географската предност и да инвестираат во инфраструктурата

Од модернизација на инфраструктурата, побрз премин и царинење на границите, со полесен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од модернизација на инфраструктурата, побрз премин и царинење на границите, со полесен трансфер на струја и гас. Можностите за соработка на Македонија со Косово се многубројни. Премиерот Мицкоски во интервју за косовската национална телевизија посочи дека двете земји треба час поскоро да ја искористат географската предност што се наоѓаат во срцето на Балканот за да ги изградат патиштата, да го скратат времето на патување не само меѓу двете земји, туку и кон трети држави. Мицкоски истакна дека особено заедничкиот Коридор 8 е клучен за НАТО алијансата.

Премиерите на Македонија и Косово во Приштина потпишаа протокол за заеднички граничен премин кадешто ќе се намали времето на чекање за премин во соседната држава. На овој начин, вели Мицкоски ќе се забрза транспортот на луѓе и стоки. Дополнително, приоритет за премиерот била и изградба на интерконектор за гас со Косово. Откако ќе се реализира гасниот интерконектор со Грција, Мицкоски во интервјуто посочува дека гасот може да се транспортира и на Косово, доколку двете земји се поврзат на овој начин.

Косовската јавност беше заинтересирана и за нефункционирањето на балансерот. Мицкоски во интервјуто објаснува дека балансерот бил се, само не алатка за правична застапеност на етничките заедници. Во минатото луѓето се пишувале како Македонци, Албанци, Турци и други, само за да се вработат во администрацијата согласно огласите за работа кои барале да се дел од определена етничка заедница. За да се надминат слабостите, работна група составена од експерти ќе изнајде ново законско решение кое нема да биде спротивно на Уставот.