Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Mицкоски: Kриминалот на Груби е многу поголем од она што го знаеме

Не се само 8 милиони евра проневерени во Државна лотарија, штетата е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не се само 8 милиони евра проневерени во Државна лотарија, штетата е многу поголема. Власта располага со информации за многу поголема проневера од она за кое сега има докази и пријави, но истрагата е се уште отворена, па не се споделуваат детали.

Последниве денови врие на политичката сцена од обвинувањата кој е виновен што Груби се спакува и избега од соочување со правдата. Иако општо познато е дека границата на Косово се поминува и без многу формалности, особено ако превозот се прави со дипломатско возило, сепак СДСМ тврди дека бегството на Груби било политички договор на власта со ДУИ. Уште поневеројатно е тоа што СДСМ обвинува за полтички договори, а самите тие седум години има одлична соработка и ја делеа власта со интегративците.

Од ВМРО ДПМНЕ предупредуваат дека само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Артан Груби во Владата, криминалот и корупцијата. Дури и Бујар Османи велат се откажа од него. 

Реклама

Од МВР повеќе пати потенцираа дека бегството ќе биде целосно расчистено, а за граничарот кој го пропуштил бегалецот веќе има и кривична пријава зашто не извршил адекватни проверки и не евидентирал излез на возилото, а патниците ги завел како пеш да ја преминуваат границата.

Локацијата на Артан Груби засега останува непозната. Последен пат јавно се обрати на 15 декември каде преку социјалните мрежи напиша дека бил во приватна посета на Косово и дека веднаш штом ги заврши обврските ќе се врател дома кај неговото семејство.

Во јавноста на големо се шпекулира дека тој веќе е во Албанија, а дел од медиумите повикувајќи се на полициски извори објавија дека дипломатот и газда на Нептун во полициска станица изјавил оти го оставил Груби близу стадионот во Тирана. МВР ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација.

И вицепремиерот Изет Меџити во интервју за албанската „Ора њуз“ изјави дека според негови информации Артан Груби е во Албанија.

Љубиша Владимиров