Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Економија

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е зголемувањето на платите на административците за 40 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски денешната средба со УПОЗ ја оцени како конструктивна, потенцирајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денешната средба со УПОЗ ја оцени како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за зголемување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

– Ние имаме два репрезентативни синдикати кои се дел од Економско-социјалниот совет и тие ги застапуваат правата на работниците. Денеска имавме состанок со УПОЗ или народски кажано тоа е синдикатот на административците, кои се гранка од ССМ. Едниот од репрезентаитвните синдикати, а пред една недела или 10-тина дена имавме состанок со втората репрезентативна синдикална група од КСС, која исто така ги претставува правата на работниците, односно административците. Таму имаме два репрезентитивни синдикати, рече Мицкоски во интервју на една од националните телевизии во Македонија. 

За денешниот состанок со УПОЗ, премиерот рече дека дале понуда, односно, како што рече, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста.

Реклама

– Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од гранката на КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамки на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на денешниот, утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт, односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе почне исплатата на платите од април за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за растот на минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало и во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за две години и два, три месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле зголемување, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво, изјави Мицкоски.

За иницијативата од ССМ поднесена до Собранието за намалување на функционерските плати и надоместоци, премиерот вели дека до крај на мандатот на законит и уставен начин треба да се дојде до изедначување на примањата пред да дојде одлуката на Уставен суд за зголемување од 78 отсто, што е донесена во претходната Влада. 

– Ваков тип на интервенирање во минатото доживеа мислење на Уставниот суд дека било спротивно на Уставот. Тогаш, ако се сеќавате, се покачија платите на именуваните и избраните лица за 78 отсто. Која е стратегијата на оваа Влада? Еден уставен, законски начин да се намалуваат коефициентите на именуваните и избраните лица за да не дојде до зголемување на платите согласно закон и при крајот на мандатот на оваа Влада, во 2028 година, отприлика да дојдеме на истото ниво кое го имавме како избрани и именувани лица пред да дојде одлуката на Уставниот суд со претходната Влада за зголемување на палтите за 78 отсто. Тоа е единствениот уставен начин. Ова кое сега е предлог е неуставно и е докажно во минатите години дека е неуставно, популистички, има многу политикантство во сето ова и најмалку ги штити интересите на работниците. Тоа е суштината на овој предлог, појасни премиерот Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: