Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата, следна мерка намалување на акцизите и маржата

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниедна држава во Европа, директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти.

– Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следува ќе интервенираме – нагласи Мицкоски.

Реклама

Во однос на податоците на Државниот завод за статистика за зголемувањето на платите во јануари и дали подобро се живее, тој нагласи дека секогаш треба повеќе и оти Владата се труди да има помали трошоци, а повисоки примања кај вработените.

– Апсолутно, секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата, вклучително и во јануари, она што го објави Статистика. Дали е тоа доволно? Не, секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да има што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува наша цел како Влада и прв приоритет и така се однесувавме до сега. Така ќе се однесуваме и во иднина – изјави премиерот.

Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените кај храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспкторат се на терен и доколку забележат непазарно однесување, ќе дејствуваат.

– Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека разни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално, онаму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување, ќе дејствуваме како Влада – истакна Мицкоски.