Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

Повеќе од 15.000 нови работни места се креирани во последната година, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 15.000 нови работни места се креирани во последната година, со што бројот на вработени во државата достигна околу 710.000, а бројот на пријавени невработени е под 90.000, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на започнување на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во скопската општина Аеродром.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека реалната бројка на невработени, ако од вкупниот број пријавени невработени се изземат околу 30.000 земјоделци, како и лицата кои формално се водат како работоспособно население од 15 до 65 години, меѓу кои има и средношколци за кои образованието е задолжително, изнесува околу 35 до 40 илјади лица.

– Тоа е под пет проценти од работоспособното население и претставува историски најниско ниво од кога постои независна Македонија – нагласи премиерот.

Реклама

Како резултат на, како што рече, засилената инвестициона активност и поддршката од Владата, Мицкоски посочи дека економијата шест квартали по ред бележи реален раст од 3,5 проценти.

– Ако се погледне номиналниот бруто-домашен производ за 2026 година, и тоа не според Владата, туку според Меѓународниот монетарен фонд, тој ќе изнесува околу 22 милијарди долари – информираше Мицкоски.

Тој додаде дека растот на номиналниот бруто-домашен производ, во споредба со периодот на претходната влада, е трипати поголем, во услови кога економијата во рамки на еврозоната расте со помалку од 1 процент.

Премиерот нагласи дека економските резултати се должат не само на поддршката на стопанството преку субвенционирани кредити со каматна стапка под 2 проценти, туку и на реализацијата на капитални проекти.

– Во моментов имаме повеќе од 1.200 активни проекти, односно градилишта, кои се реализирани само во последните две години, директно наменети за заедниците преку локалната самоуправа – рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека инвестициите се реализираат во сите општини под еднакви критериуми, без разлика на политичката припадност на градоначалниците, при што вкупната вредност на проектите достигнува приближно половина милијарда евра.