Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиона евра во нова трафостаница носи енергетска стабилност за Скопје

Инвестицијата од 22 милиона евра во нова трафостаница носи енергетска стабилност и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестицијата од 22 милиона евра во нова трафостаница носи енергетска стабилност и претставува значајно инвестициско дело и за градот Скопје, но и за државата, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

– Станува збор за инвестиција од речиси 22 милиона евра, нешто со што ќе се подобри стабилноста на системот, на мрежата, 110-киловолтно напонско ниво, и ќе отвори перспектива за следните 20-ина години да одговори на сите предизвици од енергетски аспект, приклучни места итн., кои ќе бидат потребни за развој на градот Скопје – вели Мицкоски на пуштањето во уппотреба на овој енергетски објект.

Притоа тој изрази очекување за нови инвестиции во енергетски капацитети.

Реклама

-Јас би сакал да им се заблагодарам на колегите од Владата, на Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, на ЕВН како компанија што инвестира во Македонија. Да им се заблагодарам на сите оние што беа дел од овој проект и да посакаме уште многу инвестиции во енергетиката, кои ќе бидат додадена вредност и кои ќе овозможат поголема стабилност на системот, поголем капацитет за прифаќање нови производни капацитети, имајќи предвид потребите кои во годините што ќе следуваат ќе бидат сè поголеми и поголеми, а ние како земја сакаме да бидеме енергетски хаб во регионот – изјави премиерот Мицкоски потенцирајќи го значењето на оваа инвестиција.