Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мицкоски: Имаме 3% раст на БДП што е еден од најдобрите резултати во Европа

„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст од 3 %, нешто што никој не го очекуваше и еден од најдобрите во регионот, % во Европа. Подобри сме и од Германија, и од Бугарија, Грција и од Словенија, од Црна Гора и генерално од најголемиот дел од земјите во Европската Унија.

Очекувам и во четвртиот квартал уште да биде посилен врз основа на параметрите што ги добив, за првите два месеца тоа се октомври и ноември.

Очекувам следната година, според разговорите што ги водев, со новиот сопственик на ФЕНИ, да отпочне со производство, што би значело 250 до 300 милиона евра извоз. Тоа е некаде 1,5 до 2 проценти од нашиот БДП.

Реклама

Очекувам Вардакс нафтоводот да почне да работи со што би се рестартирала ОКТА која што би тргувала на пазарот на Јужна Србија и Косово дополнителен извоз и тоа е дополнителен раст на БДП.

Очекувам капиталните инвестиции со општините својот замав да го земат во прв и втор квартал следна година, очекувам кредитите односно унгарскиот кредит и кредитите да земат свој полн замав во првиот квартал следната година, така што, да сумирам очекувам оваа година да ја завршиме со над 1 милијарда странски инвестиции, да имаме раст на БДП до 4% во четвртиот квартал, што би значело годишен од 3%.

Исто така, очекувам раст во првиот и вториот квартал на следна година врз основа на сите овие претпоставки за кои што зборував. Еве, до тука можам да кажам дека по јасно ги гледам работите.“, вели премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.

На прашањето дека граѓаните очекуваат зголемување на минималната плата, а не очекуваат зголемување на ДДВ како што најавува Светска банка, претседателот на Владата Мицкоски истакна дека тоа би било најлесно ако се зголеми ДДВ, на грбот на граѓаните, тоа е најлесна мерка и секој може да каже така треба. Но, тоа е последното нешто што треба да се направи без да се преземат друг тип на сет мерки кои што ќе не доведат до нешто кое што за граѓаните ќе значи подобар стандард.

Мицкоски истакна: „Дали ќе имаме зголемување на минималната плата, по закон сигурно. Дали ќе се договорат синдикатите и работодавачите, тоа е до нив, не е до нас. Ние сме партнери во овој процес. Имаше два состанок на економско социјален совет, се договоривме со министерот еднаш месечно, сега ќе имаме во јануари и февруари, состојбата е таква да некои процеси не зависат од самата влада.

Ние сме само фасилитатори во тој процес. Ако се договорат работниците и работодавачите меѓу себе, ние што можеме тука, но секако ќе има по закон.

Министерот за економија и труд денес брифираше дека согласно ова законско решение некаде околу 24,400 денари отприлика треба да биде минималната плата.“