Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицкоски: Има центри на моќ кои не и сакаат добро на Македонија, граѓаните да бидат спокојни, институциите ги надминуваат предизвиците

Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни и институциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни и институциите секогаш кога се пред предизвик се организираат екстремно брзо, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со пожарите и тврдењата за постоење индиции за хибридни напади.

– Има индиции. Имаме основано сомнение кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше. Исклучително сум задоволен што за многу кратко време институциите во координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот и денеска можам да кажам дека состојбата во Дрисла, Вардариште и Трубарево е нормална и нема чадење, што се случуваше изминатите години, истакна Мицкоски. 

Прашан од каде се центрите за моќ, Мицкоски рече дека не сака да коментира конкретно географски и додаде дека она што го кажува го кажува врз основа на информациите со кои располага и основаните сомневања со кои располагаат како Влада.

Реклама

– Што се однесува за дома, веќе имаме група од 20 тина лица која е под  мониторинг и за која постои сомневање дека девијантно се однесувала во изминатит период. Оставам на органите на прогнот да си ја завршат својата домашна задача, рече премиерот.

Мицкоси нагласи дека има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува.

– Центрите на моќ се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна состојба  во Македонија, која ќе се развива, која ќе ниже успеси, ќе расте економски, ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, како тоа што се случуваше изминатите 15 години. Тие сакааат да ја видат онаа Македонија од пред седум години, понижена, ограбена, засарабена, со политичари кои се моделираат, со свиткани кичми. Тоа се тие центри на моќ 

За тоа што се презема за справување со пожарите, тој кажа дека од почетокот на сезоната на пожари има 30-тина приведени за кои постојат сомнежи, но и докази дека ги подметнувале. Има приведени и за пожарите во Вардариште и во Трубарево.

– Од случувањата во јули, кога наеднаш во околината на Скопје на неколку локации се случија големи пожари, неколку лица беа приведни. За неколку лица постоеше основано сомневање дека учествувале во подметнување на пожари. Во текот на летото исто така, ќе потсетам во Вардариште имаше акција, МВР приведе неколку лица и за нив е одредена мерка притвор. Истото беше и во Трубарево, рече премиерот.

Како што посочи, најголем дел од пожарите не се случајни во најголем дел се предизвикани од човечки фактор.