Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Мицкоски им вети финансиска независност на судиите – ќе испорачаат ли правда?

Судиите ќе ја добијат целосна финансиска независност која ја бараат – претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите ќе ја добијат целосна финансиска независност која ја бараат – претседателот на Владата најави дека се разгледуваат неколку модели и европски примери за тоа колкав процент од државните пари да биде резервиран и издвоен за нив. Со тоа тие целосно сами ќе одлучуваат за се – од висина на платите преку вработувања и унапредувања до сите останати потреби. Мицкоски нагласи дека Владата ќе бара само одговорност и отчетност каде завршува од народните пари. Но, според него, се ќе биде залудно доколку судиите останат со едноцифрена доверба.

  • Еве јавно кажувам дека ќе го добијат тоа. Ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа како е тоа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека унапредуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци. Сами нека си даваат плата во рамките на буџетот кој ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери. Само една работа ќе бараме – одговорност, за потрошениот денар народни пари преку ДЗР и Собраниската комисија која врши надзор врз работењето“ рече Мицкоски.

Претходно, Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии преку соопштение го обвинија Мицкоски за „неаргументирани и паушални напади“. Тврдат дека Владата го нарушува демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршната.

  • Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите. Последниот извештај на ЕК, ..како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи истите се суштински за Европската перспектива на земјата“ велат во соопштението Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии

Мицкоски не им одговори директно на отвореното писмо но рече дека ќе ја добијат независноста која ја бараат, а потоа ќе се види дали неправадата и понатаму ќе остане главна одлика на правниот систем.

Реклама
  • Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Еве оставам јавноста, граѓаните нека кажат дали тие се задоволни од испораката на правда во Македонија. Јас ќе молчам. И ќе се држам до она што го дадов како одговор на претходното прашање. Ќе гледаме како го трошат секој денар а да не се случи после некој од нив да се најдат на обвинителна клупа“ рече Мицкоски.

Рекацијата на судската власт дојде откако премиерот порача дека не треба да се зголемуваат парите за систем за кој е докажано дека не дава резултати.

Сепак, барањето за целосно самостојно финсирање е прифатливо за Владата, а законските измени ќе се подготват до крајот на годината.

Паралелно, во сетот реформи во правосудството кој веќе се подготвува е кривичниот законик, кој треба да ги врати казните за функционерите призлоупотреба на службена положба од член 353 кои СДСМ и ДУИ го поменија со европско знаменце пред две години. Во сетот измени опфатени се и препораките препораките на оценската мисија за Судскиот совет.

https://youtu.be/8Hyi8KV3yIg