Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Подметнати пожари, страв и паника во пресрет на изборите — тоа е,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подметнати пожари, страв и паника во пресрет на изборите — тоа е, според премиерот Христијан Мицкоски, сценариото што го креираат одредени центри на моќ. Надлежните идентификувале дваесетина лица за кои има сомневања дека стојат зад серијата пожари кои го зафатија Скопје и други делови од земјата.

„Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе контруираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме.“

Како доказ за своите тврдења, премиерот потсети на снимката што утрово се појави во јавноста, на која јасно се гледа подметнување на пожар во автомобилски сервис во Пинтија. Тој рече дека бил во постојан контакт со градоначалникот на Кисела Вода, со министерот и со екипите на Противпожарната бригада во Скопје, нагласувајќи дека ваквите случувања се дел од обиди да се внесе страв и паника кај граѓаните.

Реклама

Како реакција на овие настани, Мицкоски најави иницијатива за законски измени.

„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години.“

Во насока на спречување на ризиците, Министерството за животна средина испратило допис до сите општини за итно расчистување на дивите депонии и правилно одлагање на отпадот. Мицкоски ги повика и несовесните граѓани да престанат со создавање на вакви депонии, предупредувајќи дека сите кои ќе бидат фатени ќе бидат најстрого санкционирани.

Со ова, премиерот уште еднаш ја нагласи потребата институциите и граѓаните заеднички да делуваат и превентивно и решително против оние што, како што рече, преку подметнати пожари и загадување се обидуваат да внесат нестабилност во предизборниот период.