Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Прилози

Мицкоски- Гренел: Одлично за Македонија е што премиерот има добри односи си идниот државен секретар на САД

Добрите односи на македонската власт со најверојатно идниот најблизок соработник на Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрите односи на македонската власт со најверојатно идниот најблизок соработник на Доналд Трамп, Ричард Гренел, човекот за кој се шпекулира дека ќе биде новиот државен секретар на САД, може да донесат многу за подобра иднина за Македонија. Според познавачите и повеќе од одлично е што постојат тие контакти со таков профил на луѓе, уште пред да стапат на функција. Според политичкиот аналитичар Александар Ристевски, државава ќе има доста подобра позиција, да го истера она што е нејзин интерес.

-Односи кои веќе се развиени од претходно во моментот кога одредени ликови не се носители на важни, големи јавни функции, во моментот кога ќе дојдат тоа означува една форма на доверба и блискост, но и можност меѓусебните ставови и гледишта кон одредени теми да се спроведат. Така да, доколку таа е ситуацијата, доколку Гренел е главен на таа позиција на која Трамп се очекува да го постави, очекувам дека Македонија да истурка повеќе од она што како своја правдина го тера, изјави Ристевски.

Македонија во моментов го има проблемот со Бугарија, која што со нерационален и билатерален спор, не блокира на европскиот пат. Според Ристевски контактите на македонската власт со новото раководство во САД, може да помогнат директно на овој план, односно да се направи некаков вид на притисок кон Брисел и Софија, за Македонија да ја продолжи интеграцијата кон ЕУ, на темел на она што го постигнува, а не да мора да прифаќа уцени од други држави.  

Реклама

-Она што е во сфера на дипломатиајта, таму каде што се испуштиле работите од контрола, таму каде што се направиле и лоши договори, дека во одредена мерка ќе се измодифицираат и дека на Македонија ќе и се даде гаранција за побрза интеграција. Така да, ја сум уверен дека ќе се направи нешто да Македонија го продолжи процесот, но да не биде по секоја цена кочена, блокирана за работи кои што припаѓаат на 19ти век, а немаат врска со исполнување на тие копенхагенски критериуми, изјави Ристевски.

Покрај со Гренел, премиерот Христијан Мицкоски има добри и односи и во минатото остварени средби и со Девин Нуњез, човек кој важи за најблизок бизнис соработник на идниот американски претседател, за кого дури и се шпекулира дека ќе ги води бизнисите на Трамп додека тој е на функција. За Македонија секако од помош може да биде и Крис Павловски, американски бизнисмен со македонски корени и основач на „Рамбл“ една од најбрзорастечките компании во САД.

Матеја Петровски