Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Мицкоски-Филипче 7:1-Анкетата на Мкд.мк и Маркет вижн покажува убедлива предност на премиерот и ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски и натаму уживаат најголема доверба кај граѓаните,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски и натаму уживаат најголема доверба кај граѓаните, покажува најновото истражување на порталот МКД.мк и „Маркет вижн.  И по речиси две години на власт, рејтингот на владејачката партија и премиерот останува висок и значително пред опозицијата. Довербата во Мицкоски, според анкетата, е поголема од вкупниот рејтинг на сите лидери на останатите политички партии.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, една четвртина или 25,2% од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски. Неговиот рејтинг е убедливо највисок пред сите останати лидери на политички партии. Петпати повисок од оној на Ахмети, односно дури седум пати повисок од оној на Венко Филипче кој ужива само 3,6% поддршка.

Високиот рејтинг на Мицкоски е безмалку идентичен со оној на ВМРО-ДПМНЕ за која дури 24% од граѓаните би гласале на следните избори. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па следуваат СДСМ со 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2. Најголем процент, 28,1 од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% не знаат дали ќе гласаат.

Реклама

Од оние кои се изјасниле за која политичка партија би гласале, повеќе од половина одоговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА и 4,8% за ЗНАМ.

На прашањето дали сте за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач, без право на вето, Повеќе од половина (52%) од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во ЕУ .

Во однос на тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока.

Анкетата е спроведена од 2 – 18 март преку телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници.