Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски: Доволно беше чекање, од понеделник почнуваме акција против обвинители кои штитат политички и бизнис моќници

Доволно беше чекање, од понеделник започнува акција против одредени обвинители кои што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доволно беше чекање, од понеделник започнува акција против одредени обвинители кои што директно штитат политички и бизнис моќници, за кои постојат сомнежи дека долги години вршеле криминал во Македонија, порача премиерот Христијан Мицкоски. Вели на дел од луѓето во правосудството им била дадена шанса да почнат да ја работат својата работа, но сепак нема никакви резултати, туку гледаме само заштита на можни криминали сторени од моќници.

-Доволно беше чекање, чекавме дадовме шанса, доволно беше, очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареа, грчеви во цревата, главоболка, температура, анкциозност итн кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители за жал, изјави Мицкоски.

Справување со можните инкриминирани кадри во правосудството се најавува веќе неколку месеци. Мицкоски порача дека планот како ќе се справуваат со овој проблем веќе е направен и вети дека нема да шоу и спектакуларни апсења со цел некој да биде понижен, како што тоа беше во минатото.

Реклама

-Не функционираме како естрада и сигурно нема јас да кажувам тоа како што во минатото се случуваше, пред камери, пред медиуми или да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе и индивидуи итн итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со имплементација на планот, изјави Мицкоски.

Мицкоски на пратеничките прашања од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува. Кажа и дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се нечии заробеници.

Матеја Петровски