Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Македонија

Мицкоски: Доста е веќе двојни стандарди врз грбот на оваа мала држава, само се иживуваат со нас

Европската Унија повторно покажа дека има двојни стандарди и крајно време е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија повторно покажа дека има двојни стандарди и крајно време е да престанат условувањето за Македонија. Внесувањето на Бугарите во Уставот, кое е причината што Македонија повторно остана во чекалната, не стои како усвлов ниту во Договорот за добрососедство. Македонскиот државен врв е согласен дека иако државата сака да преговара, очигледно некој нема чесни намери.

  • „Доста е веќе двојни стандарди врз грбот на оваа мала држава. Само се изживуваат со нас. Сакаме да преговараме. Што е толку тешко да с еприфати нашиот предлог и овие уставни измени да бидат ефективни кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ. Очигледно дека некој нема чесни намери“, истакна премиерот.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, на средбата со колегите од регионот и високи претставници на ЕУ во Њујорк посочила дека иако Македонија досега била најпослушна во спроведувањето на обврските за возврат не сме добиле ништо.

Опозициската СДСМ, која донекаде е и виновна за ова вето, затоа што додека беше на власт даде ветување за промена на уставот без да се консултира со народот, сега ја обвинува новата влада, која практично е на власт е само 3 месеци, дека доживеала пораз. За нив раздвојувањето на Македонија и Албанија од заедничкиот европинтегративен пат е катастрофа за иднината на граѓаните.

Реклама
  • „Вистинската намера е дека ниту имаат план, ниту сакаат државата да напредува и да се развива во Европската Унија. Велеа, планот ќе се соопштеле откако ќе победат на изборите. Па еве денес, откако доживеавме тежок пораз, ги прашуваме, кој е планот? Кои се роковите на планот ако воопшто постои? До кога ќе бидете фиктивна опозиција во државата и нема да преземете одговорност и чесно да кажете што ќе се случува со оваа земја?“ рече Филипче.

Од владиниот коалициски партнер Вреди порачуваат дека Македонија останува посветена на евроинтегративниот пат.

Во истовреме, обидите за дестабилизација можно е да има, но државата ќе одговори како што треба, велат од Владата за евентуалните намери за нарушување на безбедноста на Македонија по раздвојувањето од Албанија на европскиот пат.