Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски до ДУИ: Престанете да ги лажете своите гласачи, очигледно не сакате реформи – како владејачка коалиција убедливо ќе ве поразиме

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно мнозинство со силна реформска агенда. Но, да не се лажеме, предвремени избори значат и  изгубено драгоцено време. ДУИ ја експлоатира темата за да собира клиентелистички гласови, лежејќи ги своите гласачи дека ќе правеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Им порачувам, кај мене како претседател на Владата, а пред се како човек се важни принципите, а не комбинациите. Не интриги, не политикантство. Престанете да го лажете сопственото гласачко тело. Тоа е нечесно и некоректно кон луѓето кои со години ги манипулирате. Како владејачка коалиција убедливо ќе ве поразиме.

Ова денеска на Демократската унија за интеграција и го порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, Мицкоски оцени дека ДУИ очигледно не сака реформи.

Реклама

-Очигледно е дека не сакате реформи. Останувате во истата матрица со СДСМ и тоа е трагедија за државата. Глумите партија која се бори за Албанците, a во две децении власт не понудивте ниту еден сериозен проект за албанската заедница. Официјалните податоци покажуваат колку стотици Албанци се иселија токму во вашиот период. На мајките кои си ги испратија децата во странство кажете им што добија од вашето владеење, истакна Мицкоски.

Според него, ДУИ и СДСМ не само што ја уништија институционалната стабилност и ја доведоа државата на раб на банкрот, туку и создадоа апатија и разочарување.

-Додека граѓаните осиромашуваа, вие се богатевте бесрамно на нивниот грб. Вашите повици за „кам-бек“ преку предвремени избори се само доказ за очај, потенцира Мицкоски.