Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто, најмногу поскапеа транспортните услуги, тие ќе влијаат во крајната инфлација за април

Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат – информирашпремиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје. 

– Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки. 

Премиерот Мицкоски посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5. 

Реклама

– Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период, имавме и велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот да имаме инфалција, која ќе биде под 4 %, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, во Заливот, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3 отсто – вели Мицкоски. 

Прашан дали има опции за мерки и кои се, Мицкоски со одговор дека како Влада немаат голем простор за мерки, освен тоа да влијаат на данокот на додадената вредност (ДДВ). Претседателот на Владата образложи и дека ако се замрзнат цените и маржите, тогаш тие се прелеваат во другите месеци, а како што рече, „тоа се покажа како лоша мерка“. 

Прашан дали може таргетирани мерки за одредени производи, Мицкоски потврди дека тоа веќе го прават и како пример ги посочи вешташкото ѓубриво и течниот природен гас. 

– Така што имаме таргетирани мерки. Но сакам да кажам и тоа е многу важно да се истакне, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ние како држава сме меѓу првите три во согласност со мерките што ги аплицираме како процент во ДДВ за време на оваа криза – истакна Мицкоски.