Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Економија

Мицкоски: Целта на синдикатите не е покачување на платите, туку политичка пресметка

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија, во врска со најавените протести на дел од синдикалните организации рече дека секој има право да протестира. Тој посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.

-Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина кој што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив, рече премиерот.

На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест на ССМ има политичка позадина, Мицкоски рече дека во врска со тоа не треба никој да има дилема. 

Реклама

-Апсолутно, зар некој треба да има дилема на протест на синдикатите кој што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на Конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема, рече Мицкоски.

Мицкоски, вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата, но како што рече не станува збор за повисоки плати, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата.

-Тие сметат дека на овој начин ќе нанесат штета на Владата. Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за  било што кое што е поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата, потенцира премиерот.