Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: АР и АНБ темелно се занимавале со тогашната опозиција, со мене, со бизнисмени, со новинари

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Агенцијата за разузнавање и и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со него и со тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и со новинари и со бизнисмени. Мицкоски во изјавата за медиумите не сакаше да зборува за детали бидејќи, како што рече, станува збор за класифицирани документи и оти очекува луѓето кои го прислушувале да се најдат зад решетки. 

-Не би можел да зборувам за деталите бидејќи тоа е државна тајна, така е класифициран тој документ, документи, но едно е факт дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со, во тоа време, најголемата опозициска партија, со мене. Меѓудругото и со новинари, бизнисмени, така што да оставиме периодов да тече, да оставиме обвинителството што ќе каже, судиите нормално, во еден судски процес. Јас сум навикнат веќе. Навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигнуваа до нас информации што се се случува. Едноставно, таков тип на луѓе, јас би ги нарекол полусвет немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, се занимаваат со туѓите животи. Мислат дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност пред нивните наредбодавци и ќе напредуваат така во кариерата, рече Мицкоски. 

Секоја работа, додде тој, има свој почеток и свој крај.

Реклама

-Очекувам овие глодари да завршат онаму каде што им е местото, позади решетки, еднаш засекогаш да се ставио крај на злоупотребата на ваквиот тип на агенции и ресурсите со кои тие располагаат, рече премиерот.  

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски изјави дека „таканаречената реформирана АНБ во 2019 година била се, но не била реформирана институција“.

– Повеќе било фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре било да една помала група составувајќи ја од еден поранешен директор и помала група вработени и тоа како имаме индиции дека ја злоупотребиле својата службена положба. За истото е известено надлежното јавно обвинителство и повеќе детали за ова не би можел да споделам, се со висока квалификација и се сензитивни, и не би сакале да нарушиме некој законски процес и воедно да попречиме процес кој е или би бил отпочнат од јавното обвинителство, рече Христовски.  

Овој ден, како што кажа, повеќе го гледа како ден со кој раскрстуваме со минатото, ден со кој што даваме порака до сите што некогаш се дрзнале да ја злоупотребат својата службена положба, повеќе да не го прават тоа.

– Се надеваме дека доколку се докаже вина кај тие за кои ние го имаме известено јавното обвинителство, ќе одговараат за тоа и дека веќе никогаш нема да се повтори незаконско, непрофесионално и неетичко работење во агенцијата, рече Христовски. 

Директорот на АНБ не сакаше да одговори колкумина се прислушкувани упатувајќи на јавното обвинителство. 

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за резолуцијата со црвени линии што СДСМ најави дека ќе ја достави до Собранието рече дека дека тие ќе го видат документот и оти се надева дека „ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа“.

– Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново, рече Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.

-Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме, изјави премиерот Мицкоски.