Реклама
Економија

Мицкоски: Анкетите се мотивација, не гаранција – ќе работиме повеќе

Анкетите како дополнителен мотив за работа и испорачување резултати. Владата и премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анкетите како дополнителен мотив за работа и испорачување резултати. Владата и премиерот прават се за да испорачаат што  е можно повеќе за граѓаните и тоа се гледа на анкетите – вели Мицкоски. Според него, грешките од минатото биле огромни, а ситуацијата што ја затекнало ова раководство многу тешка. Уверува дека во вакви услови со ограничени ресурси, се детектираат приоритети за решавање. Довербата на граѓаните искажана на најновата анкета, за Мицкоски е мотив и понатаму да работи за интересите на граѓаните.

„Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција. Во јавноста знаете, од страна на опозицијата  се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Опозицијата пак со ироничен напад и реакција по објавата на истражувањето во кое Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат највисок рејтинг меѓу испитаниците. СДСМ излезе со саркастично соопштение во кое прави паралела помеѓу рејтингот на премиерот и неговата партија, со актуелните економски состојби и цени на малопродажните производи.

Реклама

„Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%. Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари – ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%. Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%. На прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле ‘ДА, и тоа веднаш“ – велат од СДСМ.

За разлика од СДСМ која иртонично се подбива со состојбите, премиерот Мицкоски нагласува дека целата ситуација се сваќа сериозно и се следи секојдневно. Фокусот на Владата во моментов е ублажување на ценовниот удар кај горивата поради воениот конфликт на Блискиот Исток. Ефектите од намалувањето на ДДВ од 18 на 10% има ефекти веќе 6 дена. Според владините анализи, во понеделник бензините треба да поевтинат два денари по литар, а цената на дизелот да остане иста или евентуално да се зголеми за половина денар по литар. ДДВ од 10% ќе важи уште една недела, по што по потреба ќе се одлучува дали мерката ќе с епродолжи з ауште некоја недела, дали ќе се намалат акцизите или пак, ќе се донесат и други дополнителни мерки.

„Намалувањето на ДДВ, директно имплицира позитивен ефект. Еве, кога ќе се анализира цената од претходната недела, ќе имаме дури и намалување на цената на бензините и на дизелот. Оваа мерка која што ја донесовме има рок од две недели, го дава својот ефект. После овие две недели, сега ќе ја следиме следна недела, да видиме како ќе се движи цената. Ќе ја следиме сега оваа недела, од понеделник до петок како ќе биде, ќе видиме дали има потреба, откако ќе завршат овие две недели да се продолжи мерката со намалено ДДВ на уште две недели, дали можеби ќе воведеме нова мерка со акцизата. Така што да почекаме, да видиме како ќе се движат вредностите“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Поради навалицата од граѓани од соседството кои точат горива по пониски цени во пограничните региони зголемена е дневната потрошувачка. Конзумот е поголем и до 200 илјади литри на ден. Мицкоски смета дека засега нема потреба од мерки за ограничување на полнењето горива за странските државјани.