Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Мицкоски: Ако треба Владата да падне поради „Сејф Сити“, подготвен сум на тој ризик

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија, зборувајќи за проектот „Сејф Сити“, истакна дека е подготвен да понесе ризик дури и да падне владата за проектот.

Мицкоски кажа дека целта не е да се наплаќаат казни, туку да се спасуваат човечки животи.

-Целта не е да се наплатат казни. Затоа што како прво има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе, нема да има казни. Ако возите повеќе од 10, ќе бидете казнети. Но, повторно ќе кажам целта не се казни, туку да се делува едукативно и превентивно. Ако треба оваа влада да падне за Сејф Сити, а потоа да дојде друга влада и да го укине, и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам, изјави Мицкоски.

Реклама

Тој рече како доаѓа први февруари, кога се очекува и официјално да се почне со изрекување на казни, така се намалува бројот на регистрирани прекршоци.

-Податоците велат дека на 23 јануари регистрирани се над 15.000 прекршоци, додека на 24 јануари 14.000. Така што како доаѓа први февруари, се регистрираат се помал број на прекршоци, рече Мицкоски и додаде дека во периодот декември 2025 до 26 јануари 2026, споредено со истиот период има седум лица помалку загинати во сообраќајни несреќи.