Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Мицкоски: Ќе се бара решние кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, нема повеќе коленичење и мекотелни политики

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе продлжи да бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ, но повеќе авантури како што правеше претходната власт на меѓународен план нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски. Како Влада се подготвени да работат на домашните задачи, да се ипорачаат реформите, да се изработи се што е објективно барање на Европската Унија, но исполнување на желбите на официјална Софија, како што беше во минатото повеќе не доаѓа во предвид, дециден е Мицкоски.

Според него доказ дека Бугарите во Устав се само стартот на барањата, се и последните изјави на новиот премиер на Бугарија Румен Радев, и затоа државава не е подотвена на никакви отстапки без јасен план за европската иднина.

-Ќе се обидеме да бараме решение кое што нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Нема ни простор, ни милиметар повеќе да се отстапува идентитетски, затоа што премногу оваа држава и граѓаните на Македонија дадоа изминатите децении би рекол, а возврат добивме ништо или многу малку и повторно има билатерални барања пред нас, изјави Мицкоски.

Реклама

Мицкоски вели дека сега сме жртва понижувачките политики на претходната власт, која го закочи процесот на преговори.

-За жал ова е резултат на една би рекол национално исплакната, ненационална политика на една претходна Влада која што со своите авантуристи потези, создаде една состојба со која прво ги разочара своите граѓани. Бидејќи граѓаните не сакаат да гледаат Влада која наместо да ги штити националните интереси е главен промотор на мекотелните политики, посебно принципот на коленичење на меѓународна сцена, изјави Мицкоски.

Мицкоски се надева дека позитивен импулс за Македонија ќе даде и посетата на претседалот на Европската комисија, Антонио Кошта со кого очекува да се разменат идеи за надминување на спорните прашања.

-Можам да кажам дека ние имаме до сега исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање, билатерално барање кое што го има една земја членка кон Македонија, изјави Мицкоски.

По Кошта во Македонија доаѓа и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Посетите на двајцата европски бирократи доаѓаат во период кога земјава доби најголем дел од средствата од Планот за раст,  наменети за балканските земји.

Околу идејата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика за пристапување на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, Мицкоски порача дека се љубопитни за нови идеи и предлози, но не би можел да зборува додека официјално не слушне за што станува збор.

Матеја Петровски