Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Мицевски: Луѓе на Заев се кандидати на Филипче, истата матрица само различни луѓе

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски: „Луѓе на Заев се кандидати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски:

„Луѓе на Заев се кандидати на Филипче, истата матрица само различни луѓе.

Кандидатите на СДСМ за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев.

Реклама

Заев се уште владее во СДСМ, а Филипче е само обична фигура која нема право на глас и прави се како што Заев ќе му каже.

Доказ за тоа е кандидирањето на Мартин Костовски во Куманово, кој важи за близок соработник и функционер на СДСМ со Заев.

Човекот кој беше директор на службен весник, пратеник во Собранието, а сега и организационен секретар на СДСМ, се е тоа благодарение на тоа што му е послушник на Заев. Како ќе каже Заев, така Костовски прави.

Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој предлог кандидатите за градоначалници мора да ги испорача во знак на благодарност кон Заев.

Затоа и овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и пораз во првиот круг на локалните избори.“