Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: Засилена градежна активност, ќе се градат шест автопатски делници

Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано  затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетн живот на граѓаните. 

Кон крајот на овој месец, веројатно на 26 август, посочи Мицкоски, ќе почне изградбата на автопатската делница Блаце – Скопје, за која, рече, завршени се сите формални процедури.

-Конечно, за овој децениски проект којшто беше најавуван, имаме изведувач, тоа е домашна компанија, имаме надзор, сите услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. ​Во септември очекувам да почне уште еден автопат за делница, тоа е Букојчани – Кичево, и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово во општина Гази Баба.

Реклама

Претседателот на Владата посочи и дека  со засилена динамика продолжуваат градежните актиовности на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. 

-Сè на сè, отприлика шест автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема, засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата, секција 2, којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3 за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавниот повик, бидејќи сите административни предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, завршување на физибилити-студијата и на почетокот на следната година отпочнување на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите предизвици коишто ги имаме бидат решени. Очекувам да нема пречка да се реши, истакна премиерот.

Како што рече,  во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано не само затоа што се ангажира домашната оператва и претставува сериозен индикатор за подобра економска актовност туку, рече, „овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се  решат“, а граѓаните со сите овие проекти  ќе имаат поквалитетен живот. 

-​Она што за мене е, исто така, важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати. И во периодот којшто  следува очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото, кое претставува еден од двигателите и носителите на економската активност во Македонија. Не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставивано и нерешавано, но ветуваме дека се она коешто можеме да го решиме, па дури и ќе се потрудиме и повеќе од тоа, да го испорачаме, додаде Мицкоски.