Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ или за трипати пократок период во споредба со претходните шест години владеење на СДСМ и ДУИ – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Каков е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за овие две години, БДП е поголем за 120 милиони евра отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови – три спрема еден – вели Мицкоски.

Речиси, нагласува тој, таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата.

Реклама

–  Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да, но имајќи предвид дека пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме веќе на прво или второ место кога станува збор за овие параметри – истакна Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: